Алисон откри дека ќе плаче ако Мерцедес победи на Силверстон

Главниот технички дирктор на Мерцедес, Џејмс Алисон, откри дека вистински ќе заплаче ако неговиот Мерцедес успее да ги изненади сите и да победи на претсојното Британско Гранд При викендов.

Аеродинамката базирана на зејен ефект донесе многу проблеми со В13 болидот на конструкторскит епрваци сезонава поради што немаат можност да се борат за победи годинава, примат кој го имаат Ферари и Ред Бул. Тие мака мачат да го решат проблемот со потскокнувањето кој ги уништува нивните перформанси, иако Тото Волф, шефот на екипата, во Канада објави дека тој проблем е веќе зад нив.

Во пресрет на Британското Гранд При, Алисон е голем оптимист дека “сребрените“ ќе бидат силни.

никој во фабриката не смее да каже, но сите се претпазливи оптимисти дека ќе имаме силен викенд по проблемите кои ги имаме во последно време. мислам дека карактеристиките на патеката одговараат на нашиот болид, но сеуште немаме пакет кој може да победи.

се додека минуваме брзо низ маготс и бекетс и останатите летечки кривини, ќе имаме добра шанса да бидеме конкурентени во текот на викендот. можеби ред бул ќе има проблеми, кој да знае, се наеваме на подобар викенд за нас – вели алисон.

Уште за време на минатата трка во Монтреал, техничкиот шеф Мајк Елиот потврди дека “сребрените стрели“ ќе донесат новини за домашната трка на Силверстона, а што ќе донесат најбрзите Ферари и Ред Бул останув ада видиме.

Со многу среќа и околности кои им одговараат, Мерцедес се надеваат на неочекувана победа на Силверстон, нешто што би донело експлозија на емоции.

ако тоа се случи ќе биде фантастично и искрено и од срце ќе плачам. држам среќа дека ќе имаме силен болид кој ќе може да се носи со конкуренцијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ