Алонсо: Оваа сезона трофејот можеше да се подели на два дела

Поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо верува дека Макс Верстапен и Луис Хамилтон заслужиле трофејот од шампионатот во Формула 1 сезонава да се подели на два дела по ваква драматична сезона.

Хамилтон загуби во финалето во Абу Даби откако задоцнето безбедносно возило го чинеше неговата предност пред Верстапен и му дозволи на холанѓанецот да земе свежи гуми и потоа да го претекне во последниот круг до знамето. Тоа беше 10та победа на Верстапен во сезоната и му ја обезбеди првата титула, ускратувајќи му ја на Хамилтон рекордната осма круна.

Алонсо има искуство со пресметки во последните трки, со тоа што шпанецот победи на последната трка во 2006 година, но загуби во 2007, 2010 и 2012 година.

Фантастично – рече Алонсо за првиот успех на Верстапен за титулата. Тој е шампион, прашање на време беше кога ќе го освои трофејот.

Мислам дека денеска имаше среќа, Без безбедносното возило Луис беше светски шампион, а со безбедносното возило Макс е светски шампион. Така што е чиста работа, тоа што се случи денеска.

Претпоставувам дека ќе биде голема тема, но ако ги земете 22те трки, како што реков во четвртокот, кој било од двајцата можеше да биде светски шампион.

Мислам дека повеќе од која било друга година, кога би можеле да го поделите трофејот на два дела, ова беше година за тоа. Затоа што и двајцата беа извонредни.

Алонсо призна и дека му е жал што Хамилтон го загубил шампионатот поради безбедносното возило во последен момент.

Луис возеше на друго ниво, особено во вториот дел од шампионатот. Мерцедесот беше побрзиот болид, но Валтери Ботас не беше втор, туку Луис ги покажа тие перформанси.

Кога ќе го изгубите шампионатот поради безбедносното возило во последен момент, сигурно малку ви е жал.

Како што кажав во четвртокот, имав малку повеќе, 51-49 проценти за Макс и бев јасен од самиот почеток, бидејќи мислев дека во текот на сезоната имаше неколку повеќе несреќни моменти за Макс од Луис.

Новото понекогаш е попривлечно од старото во однос на нов шампион.

Ако Макс освои еден ден четири или пет шампионски титули, тогаш ќе дојде ново момче и тој ќе биде како големата атракција. Мислам дека тоа е она што го чувствувам сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ