Алпин ќе се облекуват во Kappa

Францускиот фабрички Алпин тим потврди дека ќе соработува со Капа и К-Веј, два бренда на италијански БејзикНет.

Во пресрет на сезоната, тимот од Енстон потврди дека Капа ќе стане нивни одицијален партнер и ќе ги опремува возачите Естебан Окон и Фернандо Алонсо со опрема за на патеката, како и целокупна опрема за тимот за времетраење на договорот кој важи и за Академијата и за Еспорт тимот. К-Веј брендот ќе стане официјален лајфстајл партнер и ќе доставува опрема и облека за патување помеѓу трките.

Капа ќе произведе неколку нови колекции за новото партнерство со тимот како и производи за фановите, серија на патеки како и аксесоари под Алпин официјалниот бренд.

Повеќе од 40 години Капа работи со најголемите фудбалски клубови во Европа како Јувентус, Милан, Барселона и Рома. Низ годините тие беа спонзори и на Американскиот државен атлетски тим во 1981 година како и на Италијанската рагби федерација во 2002 година, а поддржуваат и елитно скијање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ