АлфаТаури биле принудено рано да менуваат гуми

Од АлфаТаури открија дека надворешно влијание кај двајцата возачи ги приморале рано да менуваат гуми на двата болиди за време на Катарското Гранд При.

Сестринскиот Ред Бул тим имаше импресивни квалификации, Гасли беше 4ти, но со двајца возачи казнети пред него, се нареди во послебото место од првиот ред, додека Тсунода беше солиден 8ми, така што трката за малата екипа од Фаенца изгледаше надежно.

На крајот, 2та и 8та стартна позиција не им донесоа ниту еден поен, французинот заврши на 11то место, јапонецот две позиции зад него. Така, тие почнаа да ги губат чекорот со Алпин во борбата за 5то место кај конструкторите.

беше тежок викенд за двата наши болиди кои многу се мачеа со ритамот и деградацијата на гумите.

првата серија на јуки беше уништена кога една од лепенките на визирот му се заглави на задното крило и предивика голем отпор и проблеми во балансот, така што првата промена на гуми беше подранета за да проблемот се отстрани, по што тој загуби позиции.

кај пјер исто така се мчевме со балансот затоа што имаше прекумерно трошење на преднта лева гума и не можеше да ги следи оние пред него. и со него бевме приудени да избрзаме со промена на гуми, така што ја адаптиравме стратегијата за да менаџираме со деградацијата. резултатот беше што овие рани промени влијаеја на нашата позиција на патеката која до крајот не успевме да ја вратиме

честитки до алпин кои навистина усјепаа со софт гумите да бидат одлични и да возат долго што направи разалика. јасно е дека сите во екипата кај нас се разочарани што го губиме чекорот во борба за 5то место кај конструкторите, но не се откжауваме бидејќи има уште две трки.

предизвикот е голем, но нашата цел на последните две трки од календарот е иста, да притискаме силно – изјави џоди егинтон, техничкиот шеф на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ