Откриено новото име на АлфаТаури

Извори од Германија сугерираат дека нов голем спонзор ќе го замени името АлфаТаури на Ф1 гридот од 2024 година.

Тимот АлфаТаури ќе биде познат како Хуго Бос Булс Рејсинг (Hugo Boss Bulls Racing) од 2024 година па натаму, според извештаите од медиумите во Германија.

Во средата се откри дека германскиот бренд за облека Хуго Бос е во преговори да стане насловен спонзор на тимот АлфаТаури за следната година.

Ова доаѓа откако советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, изјави претходно оваа година дека АлфаТаури, именуван по модниот бренд во сопственост на Ред Бул, ќе биде ребрендиран од 2024 година.

Сега, германскиот Motorsport-Magazin.com објавува дека вториот Ф1 тим на Ред Бул ќе биде именуван како Хуго Бос Булс Рејсинг, додавајќи дека германскиот моден гигант исто така преговара за купување на брендот за облека АлфаТаури.

Хуго Бос моментално е партнер на тимот на Астон Мартин Ф1, а портпаролот на модната марка објасни дека BOSS е и ќе продолжи да биде официјален моден партнер на Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ