АлфаТаури одбиле “бесплатна“ надградба од Ред Бул

Тимот на АлфаТаури ја одбиле шансата да добијат “бесплатна“ надградба од Ред Бул, односно да го превземат задниот дел со спецификација од 2020 година.

Иако развојни токени не би биле потребни за такво надградување, АлфаТаури одличиле да ја задржат својата форма на болидот. Правилата дозволуваат тимовите да користат делови кои се стари една година, а снабдени од техничкиот партнер. 

Но, АлфаТаури во сезоната се најдоа на челниот дел од средината неколку пати, што пак ги натера да се фокусираат на развој на предниот дел од болидот, додека задниот останува ист. Нивниот технички директор, Џоди Егинтон, го потврди истото.

Ќе го користиме истиот заден дел кој го користевме и до сега. Размислувавме многу околу тоа и Многу е добро кога одите во продавницата со сите добри делови и избирате што сакате, но областите кои сакаме да ги развиваме се други. Мора да го користиме буџетот и ресурсите паметно годинава, бидејќи голем напор ќе биде потребен за 2022 година.

Задоволни сме со основниот пакет, така што сме фокусирани на други области. 

За некои делови не се потребни токени, а за некои да. Размисливме сериозно околу задниот дел на Ред Бул и одлучивме каде сакаме да ги потрошиме токените. Може да изведете многу работа при пакувањето на задницата, но може да ги развивате и другите области.

Готово надградување не е секогаш вистинската одлука. Тоа значи дека ќе мора да го интегритрате со целиот ваш пакет. Имаме тим на инженери и дизајнери со кои дискутиравме. Која е најдобрата насока, каде да ги фокусираме ресурсите? Мислам дека ги донесовме правилните одлуки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ