АлфаТаури очекуваат силни резултати од Де Врис

Тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, очекува Ник де Врис да испорача силни резултати во почетните трки од сезоната во Формула 1 оваа година.

Де Врис е еден од тројцата дебитанти на Формула 1 гридот заедно со Оскар Пиастри и Логан Сарџент, но има огромно искуство во различни моторспортот серии во однос на неговите дебитантски колеги. Холанѓанецот веќе има еден старт на трка, откако беше повикан од Вилијамс на минатогодишното Гранд При на Италија да го менува Александер Албон. На тој настан, тој импресионираше во квалификациите пред да го освои 9то место, што ги зголеми неговите шанси за возечко место во 2023 година.

Поради неговото искуство, Тост очекува 28-годишниот возач да биде во форма уште од почетокот на викендот во Бахреин.

Ник де Врис врши навистина добра работа, тој е многу искусен, можете да го забележите тоа – рече Тост.

Можете да видите и почувствувате дека има 28 години, дека освоил многу трки и првенства.

Мислам дека веднаш ќе може да се прилагоди на Формула 1. Очекувам да се претстави добро уште од првите квалификации.

Де Врис имаше непречен предсезонски тест во Бахреин, возејќи 246 круга во трите дена, втор по извозени кругови од сите возачи на гридот. Тост го пофали холанѓанецот за неговиот став и дисциплина, инсистирајќи на тоа дека неговите повратни информации до инженерите на АлфаТаури биле “повик за будење“ за тимот.

Секогаш кога доаѓа нов возач, динамиката се менува, ако тоа не е млад возач кој доаѓа од пониските серии – рече тој.

Тој носи некои информации, некои технички идеи, а со Ник имавме среќа што тој минатата година беше во контакт со многу тимови и многу болиди.

Мислам дека нашите инженери добија добра техничка повратна информација од негова страна, особено по тестот во Абу Даби, каде што извозе многу кругови и каде за среќа многу се жалеше на болидот, бидејќи ова беше повик за будење за инженери.

Се надевам дека можеме да му обезбедиме болид кој ќе работи на начинот на кој тој сака.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ