Алфа Ромео очекува помош од моторот на Ферари

Шефот на Алфа Ромео, Фред Васур, верува дека Ферари ќе ја врати изгубената сила на моторот од минатата година. 

Ферари изгубја доста сила во моторот откако склучија приватен и таен договор со ФИА поврзан со испитувањата околу легалноста на нивниот агрегат. Тимот заврши на шестата позиција во 2020 година додека нивните клиенти Алфа Ромео и Хаас освоија само 11 поени. Ферари мораше да започнат со целосен развој на моторот и охрабрени се од моменталниот тест на динамометарот. 

Алфа Ромео го промовираше нивниот нов болид во Понеделник и Васур се надева дека со новиот мотор на Ферари ќе имаат поголем успех. 

Соработката со Ферари оди добро. Имавме добар состанок и ги покривме слабите точки. На добар пат сме и Мислам дека од нивна страна ќе го средат проблемот и соработката ќе продолжи. Главна точка на соработката е што учиме еден од друг за да ја завршиме најдобро работата. 

Васур се надева дека Алфа Ромео ќе ја вратат изгубената потисна сила со изменетите правила оваа година. 

Главна тема е аеродинамиката бидејќи имаме малку слобода, Но мислам дека вративме добар дел од загубената потисна сила. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ