Алфа сакале да го задржат Кими

Фред Васур изјави дека Алфа Ромео сакале да разговараат со Кими Раиконен за евентуално продолжување на договорот и за наредната година. 

Финецот се пензионираше оваа година како рекордер по бројот стартови во историјата на Формула 1 и најави дека со нетрпение очекува да се врати во нормалниот живот. Васур сакал да го задржи Кими уште некоја година, но сепак не знаел дали тој ќе го издржи притисокот. 

Сигурно ќе дискутиравме дали сеуште има мотивација и дали сака да продолжи, Но многу е различно кога ќе се спореди со времето кога имавме 16 или 17 трки. Сега имаме 23 настани и Има 10 трки на крајот во 12 недели што значи многу патување. Нормално е во еден момент да се откажеш и да се посветиш на семејството – посочи францускиот шеф на екипата. 

Раиконен ги покажа предвидувањата на социјалните мрежи каде напиша дека оваа година ќе биде последна за него уште пред да почне сезоната. Алфа Ромео наредната година ја почнуваат со нови возачи и тоа Валтери Ботас и Гуанју Жу. 

Како тим мора да имаме гаранција дека возачот ќе биде целосно посветен и мислам дека Кими имаше паметен пристап. Океј момци 22 години возам во Формула 1, Но можеби и тоа што не се бориме за подиум му помага. Мора да разбереме дека од 22 сезони тој 19 години се бореше за пол позиција и ова му е фрустрација. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ