Алфа се презадоволни од Ботас

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, откри дека екипата е презадоволна од Валтери Ботас и покрај тоа што грешката на финецот му загуби две позиции и му го донесе само 7то место во Мајами.

Валтери се возеше на 5то место рпед тандемо на Мерцедес кон крајот на трката, но откри дека се загледал во нивната борба и погреши на 17та кривина кога малку ја допре оградата крај патеката, нешто што Расел и Хамилтон го искористија и го претекнаа.

Васур секако дека е разочаран што загубиле многу поени, но задоволен е од пласманот особено што сударот на Валтери во Т1 во Петок значеше дека тој ја загуби и втората едночасовна сесија.

не знам длаи беше под притисок на трка, не знам што точно се случи, но јас секако сум презадоволен од работата која тој ја заврши.

чудно е затоа што ако се анализира викендот ќе видиме дека сме први зад водечката тројка и 7мо место треба да е одличен, силен резултат за нас. лани тоа 7мо место беше најдобро можно за нас, но овој пат имавме силен викенд и можевме и две позиции погоре затоа што бевме 5ти на квалификации.

првата серија на медиум ја одработивме со посилен ритам од луис, всушност се одлепувавме од него, но секако дека знаевме дека кон крајот на трката ќе биде потешко затоа што немавме одработено соодветни долги серии во Петок и не знаевме каква ќе биде точно деградацијата на гумите со полн реервоар.

на десет кругови пред крајот бевме 5ти затоа што расел промени гуми доцна, а уис беше и претходно зад нас, но последните кругови не беа како што се надевавме – анализира французинот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ