Американското ГП било претешко за Мик

Мик Шумахер, младиот германец од Хаас, заврши на 14то место на Големата Награда на Америка возена во Тексас.

Тој реално ја заврши трката на 15та позиција, но поради казната на Фернандо Алонсо “ќари“ позиција, но тоа не му донесе никакви поени. Од сударот на Фернандо Алонсо и Ленс Строл, Шумахер удрил во остатоци и имал мала штета на својот болид по што трпеле перформансите.

имавме доста штета во втората серија кога се судрија два болиди и изгледа некое прилично големо парче се заглави некаде и го уништуваше протокот на воздух така што беше тешко да се вози.

очигледно контактот со латифи претходно ми уништи уште аеродинамички делови, така што не беше истиот болид како претходно и назадувавме низ поредокот – посочи шумахер.

Неговото место во тимот е далеку од сигурно, така што лоши пласмани без поени не му требаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ