Андрети го побива барањето на Волф

Тимот на Мајкл Андрети е еден од бројните потенцијални нови учесници во Ф1 гридот.

Мајкл Андрети одговори на коментарот на Тото Волф дека треба да купи постоечка екипа додека неговиот истоимен тим продолжува со напорите за влез во Формула 1.

Во Јануари, Андрети беше првиот тим кој одговори на процесот на изразување на интерес на ФИА со објавување на плановите за влез во Ф1 во 2026 година, со поддршка на Џенерал Моторс преку брендот Кадилак.

Сепак, иако ова беше позитивно прифатено од претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, самата Ф1 и некои тимски шефови, вклучувајќи го и шефот на Мерцедес, Волф, беа прилично резервирани во својот став.

На Британското ГП, додека се одвиваше снимањето на филмот за Ф1 со Бред Пит, Волф беше прашан за притисоците со кои се соочуваат сегашните тимови и дали едноставното купување тим најдобро одговара за секој што сака да влезе спортот.

Нашиот став беше многу јасен, треба да купат постоечки тим.

Од друга страна, Андрети го појасни и таквото сценарио.

Се обидовме, никој не е заинтересиран, никој не продава – изјави Андрети за медиумите.

Мислам, бевме во секој тим. Тие постојано велат да купиме тим, но никој не сака да продава. Тие не се ни заинтересирани да разговараат. Така да, јас бев таму, го направив тоа, но тоа нема да се случи.

Секој има свои причини зошто ги прави работите на одреден начин. Тие се обидуваат да ги заштитат своите интереси, за што не можете да ги обвините.

Знаете, кажав работи претходно, веројатно употребив погрешен збор, не требаше да кажам алчност, но сите се грижат за самите себе.

Кога го кажав тоа, добив критики затоа што реков алчност, но ако бев во нивна ситуација, веројатно би го направил истото. Затоа не ги обвинувам тимовите.

Сите тие самите ќе го погледнат тоа, бидејќи тоа е она што треба да го направат за да бидат конкурентни.

Тие мора да се погрижат да се заштитат и јас разбирам дека тоа е она што тие се обидуваат да го направат.

Но, на крајот, тие нема да бидат тие што ќе ја донесат одлуката. Ќе зависи од спортот и ФИА да одлучат дали ние сме вистинскиот кандидат.

Андрети се надева дека нивната кандидатура ќе биде прифатена

Андрети е еден од бројните екипи кои бараат место на гридот во 2026 година, вклучувајќи ја и понудата на Hitech, потоа Formula Equal и LKYSUNZ.

Процесот на аплицирање се спроведуваше во текот на првата половина на 2023 година, а одлуката на ФИА се очекува подоцна во Јули.

Се надеваме на позитивна одлука – додаде Андрети.

Се чувствувам добро. Мислам, го проверивме секое поле, но знаете, доброто чувство и реалноста се секогаш две различни работи.

Треба само да почекаме и да видиме што ќе се случи.

Мислам дека имаме се што ни е потребно за да бидеме конкурентни, да добиеме почит и да додадеме вредност во серијата. Тоа е она што го чувствуваме ние.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ