Антонио Перез ветува трка во Канкун

Формула 1 го продолжува својот глобален ритам на проширување и мексиканското одморалиште Канкун би можело да биде следно како домаќин на трка.

Според Антонио Перез, татко на возачот на Ред Бул Рејсинг, Серхио Перез, сега е поверојатно да се случи трка во Канкун отколку не, откако Ф1 и ФИА создадоа можност за тоа да се случи.

Мексико веќе има Ф1 трка со Големата Награда на Мексико Сити, која ќе се одржи на крајот на Октомври оваа година, а гласините кружат за Големата Награда во Канкун уште од 2021 година, со цел живописниот град покрај океан да биде домаќин на Формула 1 трка во 2024 година.

Перез изјави дека плановите за одржување на втора трка на Ф1 во Мексико се околу 60 проценти веројатни.

Минатата недела имав средба со мексикански бизнисмени, веќе ги подготвивме писмата за намери и мислам дека ќе ги претставиме во средината на Јули, каде што ќе биде сè подготвено да ја започнеме работата.

Најважниот дел е што ФИА и Формула 1 веќе го прифатија тоа, ни ги отворија вратите. Денес, има веројатност од 60 проценти тоа да се случи.

Тој, исто така, увери дека трката во Канкун, доколку се одржи, на никаков начин нема да ја замени постоечката трка во Мексико Сити. Ако она што го вели Перез е точно, Северна Америка ќе се пофали со шест од 24те потенцијални трки предвидени за сезоната во 2024 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ