Арамко влегува во Астон Мартин ?

Саудскиот државен нафтен гигант, Арамко, имал опција за купување на удел во фабричкиот Астон Мартин тим и инвестиција во производителот на автомобили.

Од Астон Мартин Лагонда, компанија која котира на Лондонската берза, имале состаноци со саудиски инвеститори, вклучително и оние од пребогатиот државен Арамко, најголемата нафтена компанија на светот и спонзор на Формула 1 тимот.

Иако Астон Мартин Лагонда се само спонзори на Формула 1 тимот, сепак имаат во голем дел исти акционери, меѓу кои и главниот, модниот гуру Лоренс Строл кој е сопственик на тркаката екипа. Тој, заедно со група инвеститори го превзема автомобилскиот бренд.

Акциите на Астон месецов го достигнаа дното најмногу поради долдот од 1,2 милијарди фунти на компанијата, а наодамна долгогодишниот Главен извешен директор, Тобиас Моерс, беше заменет со 76-годишниот Амадео Фелиса како вршител на должноста, италијанецот кој претходно беше директор на Ферари.

арамко има договна опција да купи 10% од капитало на астон мартин гранд при – потврди портпарол на тркачката екипа.

Во Октомври лани, екипата ги потврди плановите за изградба на нова најмодерна фабрика со врвен воздушен тунел, проект од 250 милиони фунти кои требаше да бидат собрани преку издавање на обврзница.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ