Аривабене бара Италија да го поддржи Ферари

Поранешниот прв човек на Скудерија Ферари, Маурицио Аривабене, ги повика сите Тифози да ја поддржат трофејната италијанска Формула 1 екипа.

Во првата сезона во која Аривабене беше отпуштен од екипата, а не негово место дојде Матиа Биното, Мерцедес веќе стигна до пет последователни 1-2 победи на исто толку одржани трки годинава.

сезоната е долга и потрбно е трпение. јас самиот решив да бидам тивок, но ако морам да зборувам, ќе кажам дека треба да го поддржиме целиот тим.

лесно е да се дава поддршка на тим кога победува, но се надевам дека фановите ќе го поддржат тимот и во овие тешки моменти – изјави маурицио за Sky Italia.

Италијанецот потенцираше дека нема недоразбирања и “зла крв“ помеѓу него и компанијата откако беше сменет од раководната функција.

ферари е семејство и ми дал толку многу. јас сум посветен колку што можам повеќе на нив. секогаш ќе бидат дел од мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ