Астон добија уште еден голем спонзор – Арамко

Нафтениот гиггант, саудиски Арамко, потпиша договор да биде еден од главните спонзори на Формула 1 тимот на Астон Мартин.

Долгогодишно стратешко партнерство значи дека тимот ќе биде официјално познат како Астон Мартин Арамко Когнизант Формула 1 тимо. Договорот значи права за рекламирање и вложување во заеднично истражувањ за развој на одржливи горива, врвни лубриканти заподмачкување и неметали кои се користат во автомобилска индустрија.

Саудискиот нафтен гигант веќе има договор со Формула 1, а рекламите крај патеката се видливи на голем број трки од календарот. Договорот помеѓу Астон и Арамко е пред се комерцијален, а тимот нема да користи нивно гориво или лубриканти и ќе продолжи со Петронас, спонзорите на Мерцедес кои развиваат течности специјално за тој агрегат.

во овој спорт сме за да победиме и поради тоа сум воодушевен што ќе имаме неверојатен партнер во арамко кои имаат огромно количество интелектуална сопственот и технички капацитет така што одлично ќе му помогнат на тимот да ја постигне целта, а тоа е формула 1 титулата.

историското партнерство ја покажува нашата амбиција да го направиме овој тим пионер и сила во формула 1 и да покажеме одржливост и перформанси на нивните производи – изјави лоренс строл, сопственикот на екипата.

Болидот на Астон еќ биде откриен следната недела, поточно на 10 Февруари во седиштето на производителот во Гајдон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ