Астон Мартин во преговори со нов главен спонзор

Трансформацијата на Рејсинг Поинт во Астон Мартин носи најава и на нов спонзор главен спонзор, компанијата Cognizant.

Американската ИТ компанија е во напредна фаза на преговори со тимот кој ќе се ребрендира во Астон Мартин. БВТ е главен спонзор на Рејсинг Поинт од 2017 година, но сеуште не се знае дели ќе продолжат со истото партнертство.

Рејсинг Поинт не ја исполнија својата цел да завршат на трета позиција, но се надеваат дека со новото ребрендирање ќе привлечат спонзори и ќе имаат сличен развој со Мекларен кои “собраа“ многу спонзори во последните сезони.

Отмар Шафнауер се надева дека со името Астон Мартин ќе направан силни темели за во иднина.

Ова беше година на промашени цели од неколку причини, а тоа е најмногу поради лошата среќа што не чинеше доста поени.

си одиме разочарани, но со доста позитивни моменти од оваа силна сезона. Имавме доста конкурентен болид и тим и мислам дека ќе се вратиме посилни во наредната година со името Астон Мартин – посакува американскиот шеф.

Да се одбележи враќањето на Астон Мартин се очекува враќање на легендарната зелена боја како дел од шарата на болидот. БВТ партнерството ги направи болидите “Пинк Пантер“ и тимот го задржа тој радикален изглед.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ