Астон Мартин ги отфрли обвинувањата на Ред Бул

Астон Мартин ги отфрлија обвинувањата на Ред Бул околу копирање на нивниот болид за нивните последни надградби од Барселона.

По “розевиот Мерцедес“ од 2020 година, сезонава гледаме “зелен Ред Бул“ кој премногу наликува со оригиналниот. Сличностите на двата болида предизвикаа интерес за ФИА да покрене истрага за дизајнот и правилата според кој не смее да се користти обратен инженеринг. По истрагата, ФИА го прогласи болидот за легален, а Астон Мартин не прекршиле никакво правило.

Ред Бул се сигурни дека Астон Мартин има податоци пренсени кај нив од поранешните вработени во Милтон Кинс кои направиле трансфер во Силверстон. Техничкиот директор на Астон Мартин, Ден Фалоус, почна со работа од 1 Април, но Хелмут Марко потенцираше дека не е само тој.

Не е само Ден Фалоус. Се работи за симнати податоци. Ден Фалоус беше на платен одмор, Но копирање не е забранет пристап. Како може некој толку детално да го ископира нашиот болид тоа е главното прашање.

Енди Грин од Астон Мартин појасни дека тие го имале овој болид уште во текот на зимата бидејќи направила два болида.

Не знам што е со обвинувањата на Ред БУл. Можам да кажам дека немаме податоци од ниту еден тим или човек. ФИА покрена истрага и ја провери историјата на болидот.

Мислам дека зборуваат за некои наши вработени, но всушност и ние имавме два болида и сега дојде време за вториот.

Разочаран сум бидејќи ФИА појасни дека го почитува болидот. Видоа дека е наше дело. Тие ги разгледуваа податоците и донесоа одлука. Тоа е за нас завршена работа.

Сепак Грин призна дека е зачуден како Ред Бул ја добиле истата идеја како нив.

Мислам дека развојот е сличен и не знам како тоа може да се случи, Но сепак сме изненадени бидејќи Ред БУл има сличен концепт. Тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ