Астон Мартин и Хонда пред потврда на соработа од 2026

Медиумите шпекулираат дека Астон Мартин многу скоро ќе објават дека од 2026 година менуваат снабдувач со мотори и ќе работат со јапонска Ходнда.

La Gazzetta dello Sport тврди дека денеска ќе биде договорот официјално потврден откако Хонда се обврза да доставува мотори во шампионатот и по 2026 година, но од сите снабдувачи, само тие немаа потврден тим кој ќе се трка со нивниет агрегати.

Јапонците официјално излегоа од Формула 1 на крајот од 2021 година откако освојиа титула со Макс Верстапен, но продолжија да даваат силна технича поддршка на Ред Бул. Но, брзо по напуштањето на серијата, тие изразија желба да се вратат, а тоа го потврдија и преку новите правила за 2026 година.

Во моментов Астон Мартин користат мотори на Мерцедес, но не кријат дека сакаат да станат нечија фабричка екипа за да нападнат сериозно за титула. Екипата од Силверстон има страшно амбициозен проект со нова фабрика и симулатор преку огромните инвестиции на Лоренс Строл, а по првите пет трки веќе имаат четири подиуми.

Моменталниот возач на тимот, Фернандо Алонсо, нем добра историја со Хонда откако возеше нивни мотори од 2015 до 2017 година како возач на Мекларен, а на една трка фамозно посочи дека имаат ГП2 мотор. Откако јапонците заминаа од Мекларен почнаа да работат со Ред Бул од 2018 година, но само како снабдуваи на мотори со Торо Росо, а откако докажаа дека се на висина на задачата, од следната година нивни мотори возеше и шампионскиот Ред Бул.

Ред Бул се решија за своја Пауертреинс дивизија за од 2026 година самостојно да го развиваат и произведуваат моторот, а склучија соработка и со Форд, така што Хонда во Милтон Кинс повеќе нема да се вози.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ