Астон Мартин се сели во новата фабрика

Откако оваа сезона Астон Мартин покажаа голем напредок во перформансите, сега се припремаат за отворање на новата фабрика.

По многу месеци во исчекување конечно вработените може да се преселат во новата зграда. Процесот е веќе започнат и Крак смета дека тоа ќе има позитивно влијание врз тимот.

Зградата е фантастична. Треба да дојдете да ја погледнете. Се преселивме минатата недела. Сеуште не е се готово но првиот спрат е полн со луѓе. Мислам дека ќе има подобра комуникација меѓу вработените бидејќи има луѓе кои сеуште не се запознале. Мислам дека ќе продолжиме добро.

Крак потенцираше дека селењето е испланирано детално.

За некој како мене е лесно, се пакувам во кутија и ми го носат во новата канцеларија. Но во производството не е така и не смее да има застој. Треба да го преселиме симулаторот и други клучни делови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ