Астон Мартин се фокусираат на ДРС системот како одговор за Ред Бул

Тимот на Астон Мартин цели да го подобри својот AMР-23 што е можно поскоро за да го стигне Ред Бул или барем да обезбеди второ место во конструкторскиот шампионат.

Според неколку извори, Британците во моментов се фокусираат на развојот на нивниот ДРС систем.

Познато е дека ДРС системот на Ред Бул е многу ефикасен. Како резултат на тоа, екипата успева да добие поголема брзина преку ДРС од другите ривалски тимови.

Ова им помага на Макс Верстапен и Серхио Перез кога претекнуваат други или кога се бранат во потенцијална ДРС редица од болиди. Но, исто така може да направи голема разлика за време на квалификациите, бидејќи тоа е ситуација кога сите возачи имаат ДРС и може да придонесе кон значително поголема максимална брзина.

Во Астон Мартин исто така ја гледаат важноста на отвореното задно крило.

Секоја надградба што ја носиме на болидот, е насочена да помогне во ефикасноста на ДРС системот – рече директорот на изведба на возила, Том Мекалоу.

Тоа беше област на фокус за нас, па постојано чекориме напред кон подобрување на истата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ