Астон целат на победа во Монако

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, верува дека нивниот АМР23 болид е доволно силен за да им овозможи победа во историското Монако сезонава.

Екипата дојде блиску до победа два пати лани на уличната трка ов Баку и Унгарското Гранд При крај Будимпешта и во тие два наврати мораа да се задоволат со второ место. Во Унгарија следуваше и дисквалификација за Фетел затоа што немаше доволно гориво останато во неговиот резервоар.

Екипата има фантастичен почеток на сезоната, три пати дојдоа до подиум на првите три трки со различни карактеристики, а Крак смета дека токму бавното и преполно кривини Монако може најмногу да им одговара.

постојат некои патеки каде комбинацијата од возач и болид може да донесат чуда како монако или барселона. имам дефицит на многу долгите правци, тоа не е тајна и работиме да го отстраниме тоа – призна крак.

Астон беа победени на квалификациите во Саудиска Арабија од Ферари, а поразен од Мерцедес во Австралија, но покажаа одличен тркачки ритам и напредуваа до подиум во двата наврати. Шефот на екипата посочи дека патеките каде праволиниската брзина не игра голема улога, како Барселоан и Монако, може да им одговараат.

патеките каде не е многу важно колку брзо се движите на правците може да бидат одлични за нас и поради тоа имаме верба. мора да се биде брз во секој дел од патеката, мора да се заврши трката, да не се направат грешки и само тогаш ќе се победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ