Батон: Победа во Мајами ќе го направи Чеко сериозен кандадат за титула

Поранешниот Ф1 првак, Џенсон Батон, смета дека победа на Серхио Перез на Гранд При трката во Мајами сериозно ќе го смести како кандидат за наслов.

Максиканецот стигна до втората победа на првите четири извозени трки годинава минатиот викенд во Баку, а во комбинација со спринт победата, го смести на само 6 поени зад својот колега.

Бутон откри дека е импресиониран од почетокот на сезоната на Серхио како и неговата форма, така што посочи дека победа околу Хард Рок Стадионот сериозно ќе го смести како силен кандидат за титула.

навистина сум импресиониран од серхио. макс веројатно е најтешкиот возач за колега затоа што излегува и станува невероајтно брз. мислам дека перез одраборува фантастично секој викенд, а двете победи на исти викенд му ја врати самодовербата која му беше разнишана по мелбурн.

реално, вистинат ќе ја дознаеме само кога ќе стигнеме до следната трка која што повторно е на некој начин улична. ако чеко успее да победи таму, тоа ќе биде многу значајно за него и ќе му даде неверојатно голема самодоверба за остатокот од сезоната – смета батон.

Откако дојде во Милтон Кинс во 2021 година, Перез не успеваше да биде константна закана за својот колега и редовно беше проазуван од него. Поранешниот возач на Мекларен завршуваше со 205 односно 149 поени зад Макс минатите две години и победи само 3 пати споредено со дути 25 триумфи на Верстапен.

Поради сето то, Батон смета дека Перез мора да гиг покаже своите перформанси и во Мајами за сериозно да се смета на него.

не сме виделе до сега во текот на сезоната да биде конкурентен како макс, тој е силен секој викенд. и луис е таков, моќен секој викенд, можеби не со болидот годинава и лани, но така е во тркањето и поради тоа е тешко шампоните да се победат во текот на цела сезона. чеко има подеми има и падови.

потешко е да се освои шампионат кога возите против колега како макс, така што константностае она што на серхио му недостасува. но, ако успее да победи во мајами, тогаш ќе покаже дека го надминал тој проблем.

одлично е што стекнува верба во болисот, добро е за спортот, ни треба тоа затоа што ред бул нема конкуренција во моментов. треба некој да го предизивка чеко, а макс е многу фер кон него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ