Бахреин тест, ден 2: Саинз најбрз по 5 црвени знамиња

Карлос Саинз и Скудерија Ферари беа најбрзи на претпоследниот тест ден во Бахреин во 8-часовна сесија во која имаше дури 5 црвен знамиња и прекини.

Шпанецот беше единствен возач кој изврте круг побрзо од 1 минута и 34 секунди и беше дури половина секунда побрз од Макс Верстапен на Ред Бул, додека Ленс Строл на Астон Мартин беше половина десетинка зад шампионот. Луис Хамилтон беше 7 стотинки зад Строл, а беше пред Естебан Окон кој со розевиот Алпин беше нјабрз по утринскиот дел.

Ландо Норис беше 7ми и заостана повеќе од секунда, додека Фетел зад него беше дополнителни 1,4 секунди.

Јуки Тсунода со 119 кругови беше рекордер на денот, додека Окон извозе 8 помалку од него. Николас Латифи имаше само 12 обиколки откако неговиот Вилијамс се запали во задниот десен дел и ја изгоре суспензија уште на почетокот од денот, така што тимот се повлече во остатокот од сесијата. Црвено знаме предизвика и Естебан Окон, Себастијан Фетел, Ландо Норис. Премиерно во Хаас на патеката се појави Кевин Магнусен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ