Белгија: На Спа ништо ново, победа на Хамилтон

Луис Хамилтон стгна до нова победа, овој пат за Големата награда на Белгија, овој пат пред својот колега и пред Макс Верстапен кој 6ти пат по ред се искачи на подиум сезонава.

Ова беше само трет пат “сребрените стрели“ да стигнат до доминантна 1-2 победа во својата Формула 1 историја. До лани нивните најголеми ривли, Скудерија Ферари, не беа ни за споменување со пласман на 13то и на 14то место.

Стартот на трката не донесе големи возбудувања затоа што од првите шесторица единствено Естебан Окон ја превзема позицијата на Алекс Албон, но одличен беше Шарл Леклер кој првиот круг напредуваше 5 позиции стартуваше од 13то место, а беше 8ми по првта обиколка на Спа Франкошамп.

Во текот на првите кругови беше повеќе од очигледно дека во Маранело ништо не е како што треба затоа што Пјер Гасли го мина Леклер за 8мо место во 3от круг, следниот круг за 9то место фо претекна и Серхио Перез, во 5от круг Леклер беше жртва на Норис, а во 6от круг и Даниил Квјат го претекна Ферари и го смеси Леклер на 12то место.

Во кругот број 11 имаше силен судар откако Антонио Џовинаци загуби контрола во последниот сектор и заврши во заштитната ограда. Летаа парчиња од неговиот болид, а Џорџ Расел налета на откаченото тркало од Алфа Ромео, удри во него и тој заврши во оградата.

Безбедносното возило излезе на патеката и се заджа 3 кругови кои најпрво оние од задниот дел на гридот ги искористија да промена на хард гуми, а потоа и водечките. Пјер Гасли кој возеше на медиум и Серхио Перез кој возеше на хард беа единствени кои не променија гуми и поради тоа стигнаа до 4то односно 5то место во тој период.

По повлекувањето на безбедносното возило, Чеко се мачеше со гумите и веднаш беше минат од Даниел Рикардо и Александер Албон по што “падна“ на 7мо место. Пет кругови подоцна и мексинаекцот влезе во бокс.

Даниел Рикардо во 21от круг го мина и Пјер Гасли кој беше на стари гуми и си го врати 4то место кое беше негово пред безбедносното возило. Три кругови подоцна истото го направи и Алекс Албон.

Во 25от круг Шарл Леклер по втор пат влезе во гаража и монтираше медиум, но како и првиот пат се задржа предолго, а не доби одговор од својот тим зошто промената трае толку време. Снимките покажаа дека странично му се дополнува притисок веројано во хидрауличниот систем.

Завршницта на трката донесе каква-таква возбуда по здодевниот втор дел откако Албон, Окон и Норис возеа во колона, а Рено неколку кругови се обидуваше да го мине Ред Бул. Во последниот круг на Кемел правецот Окон нападна и успеа да го превземе 5то место на Албон.

Хамилтон победи пред Ботас и Верстапен со војот 6ти последователен подиум, а Даниел Рикардо финишираше на 4то место со најбр круг, пред својот колега. Шесто место за Албон пред Ландо Норис, а АлфаТаури со Пјер Гасли беа на 8мо место. Тандемот на Рејсинг Поинт, Строл и Перез очекуваа многу од викендот, но разочараа со само три поени вкупно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ