Белгија: Нова брутална доминација на Верстапен и Ред Бул во одлична трка

45та победа за Макс Верстапен, осма последователна, 13та победа по ред за Ред Бул Рејсинг, тоа е исходот од Белгиското Гранд При во кое холанѓанецот повторно беше класа над останатите, стартувајќи од шеста позиција со пласман на највисокото место на подиумот.

Холанѓанецот се искачи од шестото место на гридот пред колегата Серхио Перез со разлика од повеќе од 20 секунди.

Шарл Леклер заврши на третото место за Ферари пред Мерцедес-от на Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Џорџ Расел со едно застанување заврши на шестото место пред Ландо Норис од Мекларен, кој ги надмина раните проблеми за да обезбеди поени за екипата.

Естебан Окон го освои осмото место за Алпин пред Ленс Строл и Јуки Цунода.

Оскар Пиастри и Карлос Саинз не успеаја да ја завршат трката по контактот во првиот свиок по вина на шпанецот кој се нурна во свиокот без никаква перцепција на околностите околу него.

Трката во својот тек беше навистина возбудлива, особено пред летната пауза. Алекс Албон и Јуки Цунода удобно може да бидат избрани за возачи на денот откако и двајцата понудија низа на феноменални претекнувања.

Мекларен навидум изгледаа очајни по своите силни резултати во последно време, но со првите капки на дожд стана јасно дека нивниот болид е поставен за влажна патека. Норис успеа на крајот да ги врати изгубените позиции и да обезбеди солидни поени за тимот од Вокинг.

Во денешната трка, впечатливи беа пониско пласираните екипи, особено Вилијамс и АлфаТаури. Одлично е да се види тоа во Формула 1 кога еден викенд една екипа е меѓу подолните позиции и наеднаш се бори за силно шесто или седмо место.

На крајот и покрај расправиите на Верстапен и неговиот тркачки инженер, холанѓанецот не успеа да го извози најбрзиот круг кој во последен момент го постави Луис Хамилтон за бонус поенот.

По трката без инциденти, спортот сега заминува на летната пауза, а следната трка е Зандворт во Холандија закажана за 25-27 Август.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ