Бен Сулајем не се откажува од Маси

Претседателот на ФИА, Мохамед Бин Сулајем, изјави дека поранешниот директор за трка, Мајкл Маси, може да се врати на своето поранешно работно место и дека вратата за него не е целосно затворена.

Австралијанецот Маси ја загуби својата функција по контроверзната последна трка лани и драмата од последните кругови во Абу Даби.

јас не се ослободив од маси туку тој имаше премногу работи што не можеше да ги постигне како безбедносен делегат и се што со себе носи директорот на трка. направи грешка, но тоа не е негов крај во фиа. јас такви работи не сакам, дури и луѓето кои не гласаа за мене ги ценам, почитувам и поттикнувам. не размислуваме на индивидуална туку на групна основа.

не го познавам маси премногу, а одлуката да се отстрани од директорското место беше донесена од светскиот совет. мајкл направи човечк гршка.

јас немам никакви лични проблеми со него, јас никого не мразам. тој е тука и можеби повторно ќе го користиме затоа што не гледаме зошто да не затоа што сме отворени за сите – посочи саудиецот.

Информациите велат дека Маси е во својата родна Австралија, а Бен Сулајем не исклучи ротирачки директори на трки помеѓу тројца одбрани за во иднина.

нашата структура која раководи со трката беше прганизациски погрешка и иако донесовме двајца директори на трка, не би рекол дека сме совршени и треба уште да се стабилизираме.

не е како да одите во супермаркет и да барате повеќе стјуарди туку во требаат фер, стабилни и толерантни луѓе. размислувам на совозачи од рели шампионати кои имаат големо искуство да работат повеќе работи од еднаш, нешто што е потребо за да се биде стјуард, а со тренинг ќе станат уште подобри.

недостатокот на луѓе во фиа мора да се реши и јас сакам да имаме барем три директори на трка на располагање од почетокот на следната сезона.

Евентуално враќање на Маси во падокот ќе биде на големо негодување на Мерцедес, Волф и Хамилтон, но Претседателот инсистира дека лично тој има одличен однос со Луис.

по бразил му посакав се најдобро како што се качуваше на авион накај дома, прашајте го тото волф да ви каже колку бев полн со поддршка за него. тогаш бев послободен затоа што не бев преседател и навистина многу сакав да ја освои таа 8ма титула затоа што рекордите треба да се подобруваат.

луѓето велат дека го отстранив маси затоа што луис и тото го сакаа тоа,но тоа нема никаква смисла. луис се консултираше со доктор околу својот накит во мајами и тоа беше британски доктор.

едноставно, правилата постојат, не е мое да решавам, се е напишано, а во однос на накитот, тука се докторите. јас сакам луис да биде пример за сите, да биде амбасадор и да праќа вистинска порака на сите млади возачи низ светот. треба да го користиме за добра цел.

јас сакам накит, многу сакам, но во болид нема избор. луѓето прашуваат зошто правилата порано не биле имплементирани, но не ме прашувајте тоа, туку оние кои биле на власт пред мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ