Бергер: Борбата на Луис и Макс е токму тоа што на Ф1 и треба

Поранешниот Формула 1 возач и победник на Гранд При трки, а сегашен шеф на ДТМ тркачката серија, Герхард Бергер, смета дека интензивната борба за титула помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен е токму тоа што на спортот му треба.

Двајцата ќе продолжат со борбата низ олимпиското Сочи откако пред две недели имаа судар на Италијанското Гранд При при кои меѓусебно се елиминираа. Австриецот смета дека нивните дуели не се негативни, туку привлекуваат внимание и носат интерес за Гранд При тркањето.

за мене она што се случи во монца беше тркачки инцидент. ако сакате да посочам кој можел да напрви повеќе за да го избегнел, ќе кажам макс и поради тоа доби казна на стартот во русија. но, поважно е дека токму тоа е она што на формула 1 и треба, такво тркање.

конечно имаме двајца феноменални возачи кои се тркаат еден против друг и патем се од различна екипа. можете ли да замислите што би било доколку во борбата би се вклучил и трет возач, на пример некој од ферари, тоа би било преполни трибини и исчекување.

долги години формула 1 го очекуваше ова и поради тоа е важно да с еслучуваат вакви работи во спортот – посочи бергер.

Тој смета дека силата на двајцата возачи прави невозможно да се предвиди кој ќе победи на крајот, но е дециден дека триумф на Макс би било нешто сосема ново за тркачката серија.

за целиот спорт би било добро да имаме некаква промена, но ќе биде одлично и луис хамилтон да остане во препознатливата форма со својот убистен инстинкт и дисциплина која ја има долги години. би сакал луис да стане најдобатр на сит времиња, така што во моментов немам фаворит.

видовме како луис освојува четири титули по ред, а знаеме дека макс е супер ѕвезда денеска. одлично е некој млад да стане првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ