Бергер незадоволен: Се претера со критките кон Ферари

Герхард Бергер смета дека по грешките во Монако, луѓето претерале со критики кон Скудерија Ферари за лоо одработениот настан кој ги чинеше победа.

Бергер е сегашен шеф на германската ДТМ тркачка серија, а своевремено се тркаше за Скудерија шест години и победи пет пати за нив, смета дека луѓето треба да сфатат дека италијанската екипа е многу подобрена и да се престане со критиките.

ферари се премногу критикувани за нивните пактички грешки од монако, но всушност, треба вистински да му се честита на матиа биното за силниот болид кој го направија годинава затоа што никој не го очекуваше тоа од нив до пред неколку месеци – изјави бергер за италијанска La Gazzetta dello Sport.

Гранд При тркаа низ Кнежевството беше големо разочарување за Шарл Леклер, но беше голем мотив за Карлос Саинз кој има тежок почеток на сезоната, а со второто место дојде до својот четврти подиум сезонава.

по седум трки саинз сеуште сонува за титула и не е многу далеку од врвот. се на се, ферари се вратија и имаат одличен болид, а второ и четврто место во монако воопшто не е катастрофа – заклучи бергер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ