Бергер: Прерано е за Мик во Ферари

Поранешниот возач и сегашен шеф на ДТМ тркачката серија, Герхард Бергер, предупреди дека мора да се внимава за преминување на Мик Шумахер во Ферари. 

Шумахер ја вози втората негова сезона во Формула 1 со Хаас и веќе се смета дека ќе биде дел од Скудерија во блиска иднина. Иако првата сезона немаше притисок, сепак во втората покрај него вози веќе искусниот Кевин Магнусен и тој има нов конкурент за спроедба. Бергер смета дека младиот Шумахер не е подготвен да биде возач на Ферари. 

Мислам дека прерано е да се зборува за преминување на Мик во Ферари. тој прво треба да покаже дека е посилен од неговиот колега и тоа е голема задача за него. Тој мора да се докаже во хаас и да го победи колегата. Тоа е веќе повисоко ниво. Не доаѓаш во Формула 1 веднаш во топ тим – вели герхард.

Бергер смета дека заминување на Шумахер во Ферари од наредната година би било погрешна одлука. 

Доколку се покаже како добар за две три години мислам дека може да се дискутира. во моментов е погрешно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ