Бергер: Ред Бул и Порше совршено си одговараат

Герхард Бергер верува дека идно партнерство помеѓу Ред Бул и Порше ќе биде освежувачко во спортот и ќе донесе резултат.

Долго време траат шпекулациите дека германскиот бренд ќе се вклучи во најпрестижната тркачка серија заедно со уште еден бренд на Фолксваген Групацијата, Ауди и тоа од 2026 година, а како партнер за Порше се споменува Ред Бул.

Бергер е поранешен возач на Ферари и Мекларен, а сегашен шеф на ДТМ тркачката серија.

ред бул и порше одлично си одговараат, мислам дека добро ќе работат заедно, имам силно чувство дека нивното партнерств ќе се случи.

иднината им е одлична од чисто маркетиншка гледна точка совршено си одговараат и ќе бидат навистина освежителна комбинација – изјави бергер за моторспорт.

Ред Бул оваа година самите почнаа да ги склопуваат своите мотори, но Хонда, иако официјално замина од спортот, сеуште многу им помага. Тимот лошо ја заврши соработката со својот претходен добавувач на мотори, Рено, но Бергер не насетува таков проблем при евентуална соработка со Пореш.

ова би била друг вид на соработка, рено беа вистински доставувач со мотори, но со порше очекувам да бидат партнери. така, соработката треба да биде на секое ниво, а порше како бренд се вклопува 100.000 пати подобро со ред бул одошто рено. навистина мислам дека ред бул – порше е кул комбинација.

Самиот Герхард како шеф на ДТМ знае дек Фолксваген групацијата одлично го познава тркањето и ќе бидат силно подготвени за Формула 1, без разлика со кој бренд ќе влезат во тркачката серија.

ауди има навистина возбудлив оддел за мотори и ако влезе во формула 1, ќе поинат одлично затоа штотехнички се силни. во дтм беа силни доста често благодарение на својот мотор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ