Бергер: Ред Бул со право ги одбија Порше

Порше наводно целосно се откажале од својот претходен план да влезат во Формула 1 во 2026 година.

Неодамна, пропаднаа разговорите помеѓу германскиот производител на спортски автомобили во сопственост на Фолксваген и Ред Бул Рејсинг за спојување двете компании и откуп од 50 проценти од Формула 1 екипата од страна на автомобилскиит гигант. Се шпекуларише дека Порше го свртеле своето внимание кон разговор со друг тим, за кој се верува дека е Вилијамс, но, Auto Motor und Sport тврдат дека производителот на автомобили всушност го изгубил апетитот за Формула 1.

Сега, новите производители имаат рок до Јуни следната година да се регистрираат за сезоната во 2027 година, а дописникот Мајкл Шмит вели дека Хјундаи и Форд можеби се заинтересирани. На прашањето за пропаднатите разговори помеѓу Ред Бул и Порше, Ф1 легендата Герхард Бергер изјави:

Секогаш е подобро да се направи чекор наназад пред да се стапи во брак, бидејќи обично е многу покомплицирано потоа.

Тоа е како во животот, Сретнувате пријателка, излегувате со неа неколку пати и сфаќате дека не сакате да бидете заедно.

Бергер вели дека Ред Бул се во право кога се запрашале дали договорот можеби само ќе му ја одзеде конкурентската предност на моментално доминантниот тим во Ф1.

Верувам дека Ред Бул увиде дека поради нивните кратки процеси на донесување одлуки и директен пристап до прашањата, ќе станеше многу покомплексно ако масата на која се носат одлуките е многу поголема со вклучена друга страна.

Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека на Ред Бул му треба договорот за да погледне во иднината надвор од ерата на Дитрих Матешич, поради гласините дека сопственикот на компанијата се справува со здравствени проблеми.

Формула 1 е краткорочна и Треба да бидете во можност да реагирате брзо и да ги имате најдобрите луѓе, а Ред Бул веќе го има тоа. Тие докажаа дека можат да работат на моторот и тоа го прават на паметен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ