Бергер смета дека Макс му влегол под кожа на Ботас

Поранешниот Формула 1 возач, Герхард Бергер, смета дека Макс Верстапен му влегол под кожа на Валтери Ботас во пресрет на Русокто Гранд При и на тој начин си го олесни минувањето крај него за време на трката.

Холанѓанецот тргна од последно место во Сочи откако одлежа казна за промена на мотор, како дополнување на трите позиции уназадување кое го доби по сударот на Луис Хамилтон на Италијанското Гранд При.

По крајот на трката излезе видео во кое се гледа како Ботас, Перез и Верстапен одат кон гридот, а Макс му се обраќа на Валтери прашувајќи го дали ќе поставува рекорд по број на искористени мотори, а со оглед на фактот што зема нов мотор во Русија, со цел да стартува буквално пред него.

Во своја изјава, Бергер се присети на големиот Аиртон Сена, кој имал слична тактика со своите ривали, а Герхард возеше крај него од 1990 до 1992 година во Мекларен. Според Бергер, идејата на Макс била да го натера Ботас да биде фер и да не го задржува непотребно откако сана јасно зошто му е променет моторот.

На трка, Верстапен прелесно го мина финецот кој веднаш по крајот на трката беше критикуван од Дејмон Хил поради фактот што не пружил отпор за да го заштити својот колега.

со сета свој решителност и концентрација, макс е многу среден во главата и точно знае што да направи.

шампионите играат психолошки игри многу често. сена често одеше кај возачите на гридот пред трка и им кажуваше каков е неговиот план. секогаш излегуваше по негово – се присетува бергер.

На трка на која Ред Бул се надеваа да спасат што можат, второто место на Макс беше фантастично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ