Бергер: Хамилтон може да ги реши проблемите на Ферари

Формула 1 легендата, Герхард Бергер, посочи дека иднината на седумкратниот првак, Луис Хамилтон, во фабричкиот Мерцедес не е сигурна.

Шефот Тото Волф не пропушта да каже дека продолжување на договорот со 38-годишниот возач е само прашање на време, но официјална потврда од некоја страна дека ќе продолжат заедно сеуште нема.

Бергер смета дека Луис може да направи изненадувачки трансфер во Маранело кај Скудерија Ферари.

секој возач сака да вози за ферари барем еднаш во кариерата и речиси сите одлични возачи биле во маранело.

аиртон сена не возеше за ферари затоа што беше свесен дека во тоа време не може да побеид со нив, а можеби и луис хамилтон го мисли истото.

но, ако не може д добие силен болид од мерцедес и не најде место во ред бул, можеби ќе се обиде во ферари, а јас мислам дека може да ги поправи и може да им помогне – изјави бергер за австриски Kronen Zeitung.

Луис буквално има навика дека не може да се замисли надвор од Мерцедес, но Герхард не е многу убеден во тоа.

таква изјава не значи апсолутно ништо во формула 1 затоа што никој јавно не ја кажув вистината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ