Берни за смртта на Мозли: Како да загубив брат

Берни Еклстон откри дека смртта на поранешниот Претседател на ФИА и негов близок пријател, Макс Мозли, ја почувствувал како да загубил брат.

81-годишниот Мозли почина во Понеделник по долготрајна борба со ракот. 90-годишниот Еклстон до ден денеска се кае што го поддржал заминувањето на Мозли од ФИА во 2009 година.

како да загубив брат, тој ми беше дел од семејството. многу добро се разбиравме еден со друг, но секогаш се критикуввме ако нешто не ни се допаѓаше. тој беше многу искрен човек и не толелираше глупости – се присетува Берни.

Мозли често беше центар на конфликт со екипите поради тоа што сакаше да воведе реформи, а некои од неговите идеи сеуште се во спортот и се гледа дека се исправни.

макс направи многу добро за моторспортот, многу добро за автомобилската индустрија со тоа што секогаш ставаше акцент на безбедноста – се присетув господин Е.

Неговата кариера беше уништена од страна на сега пропаднатиот таблоид News of the World кој откри детали за неговиот приватен сексуален живот под насловот “Болна нацистичка оргија“. Подоцна Мозли ја доби тужбата против таблоидот.

сметав дека ако не ги тужам, тие ќе почне да напаѓаат луѓе кои самите не можат да се бранат и поради тоа мислам дека ја направив вистинската работа – изјави тогаш макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ