Берни каков што не сме го виделе до сега

Откако Нетфликс почна да прави документарни серии за спортот, сега истото ќе го направи и Дискавери+ каде продуцентот на Сена, Маниш Панди сними документарец за Берни Еклстон. 

Тој беше во спортот повеќе од 40 години и се повлече во 2017 година кога го продаде спортот на Либерти Медиа. Иако веќе има 92 години тој сеуште не се предава и сега сними серија заедно со Панди во кој ја раскажува приказната за почетокот на кариерата од 50тите до 2017 гкога го продава спортот и добива отказ од Ф1 од новиот сопственик. 

Во серијата има многу снимки од архивата каде може да ги видиме Сена, Балестре и слични важни ликови од минатото на Ф1. 

Екслтон зборува пред камерата и за погрешните одлуки со контроверзни ликови како Путин и Садам Хусеин. 

При крајот тој зборува за татковството на тригодишниот Ејс, нешто што не сме виделе од него. 

Иако многу биографи сакаа да ја раскажат приказната на Берни сепак Панди се најде во вистинско време во вистинско место и Берни му се отвори. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ