Берни открива: Шумахер ќе го загуби местото во Хаас

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, се сомнева дека Мик Шумахер ќе си го задржи местото во Хаас за следната сезона.

Германски РТЛ пренесува дека малата американска екипа нема да го потврди својот тандем возачи до крајот на претсојниот тркачки викенд, но очекувањата се дека ќе се ослободат од еден германец, Мик Шумахер, за да на негово место донесат друг германец, Нико Хулкенберг.

92-годишниот Еклстон изјави дека не е изненаден што Хаас одбираат искуство пред младост.

не се работи за годините туку за психичката и ментална состојба. погледнете го хуан мануел фанџо кој почна да се трка на возраст на која останатите престануваа – посочи господин е.

За иднината на 23-годишникот Мик, Берни изјави:

не сум сигурен дека ќе остане на гридот затоа што луѓето беа разочарани од неговит еперформанси. не знам дали проблемот е до него или до екипата, но секако дека е тешко да се најде место во победнички тим.

можеби треба да ја заборави формула 1 и да се насочи на други серии. името му е најголемиот товар, но се обидува и дава се од себе да ги оправда очекувањата. токму поради тоа има толку многу проблеми.

мислам дека треба да заборави на формула 1 и да оди да победува во други серии со многу помал притисок.

Некои сметаат дека младиот Шумахер е премногу заштитен од менаџерскиот тим околу него на чело со поранешната менаџерка на татко му, Сабине Кем.

патуваат со него, разговараат со него кога не е расположен и мислам дека тој сака да биде таква личност. на некои не им треба тоа, земето го за пример верстапен, фрлете го во море и тој ќе преживее и покрај тоа што не знае да плива.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ