Берни: Ферари ќе стави вето ако Тото дојде на чело на Ф1

Поранешниот Формула 1 шеф, Берни Еклстон, не е сигурен дека Тото Волф ќе биде следниот Главен извршен директор на Формула 1.

Австрискиот шеф на Мерцедес го пропушта тркачкиот викенд во Бразил, прва пропуштена трка по 2013 година, а шпекулациите се дека е на интензивни преговори со Либери Медиа, а во врска со челното место во нивниот Формула 1 проект.

Сепак, 89-годишниот Берни смета дека назначувањето на Тото на челната функција во Формула 1 нема да биде толку лесно.

тото е одличен во менаџирањето, го покажа тоа во мерцедес, но лесно е кога луѓето мора да се согласат со вас. мислам дека ќе му биде многу тешко ако луѓето не може да ги контролира – смета господин е.

Италијанска Corriere della Sera пишува дека тоа нема да биде единствен проблем на Волф кон челното место во Формула 1.

името на волф циркулира како можен наследник на чејс кери, но изгледа дека ферари кои секогаш се многу вешти во политичките игри ќе го забранат неговото назначување на чело на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ