Биното го вежбал говорот со кој го отпуштил Себастијан Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, откри дека ментално се подготвувал и три пати го повторувал говорот со кој го информирал Себастијан Фетел дека следната година нема да продолжи да се трка за славната екипа од Маранело.

Актуелниот договор на германецот истекува на крајот на ова сезона, а во пресрет на почетокот на трките, медиумите велеа дека е само прашање на време пред тој да добие продолжување на соработката. Но, проблемите кои беа видливи за Ферари по зимскиот тест во Барселона надополнети со долгорочната стратегија на тимот го остави менаџментот да верува дека Себ не е вистинскиот човек за екипата.

Матиа го информирал Себастијан за одлуката на тимот пред почетокот на сезоната во приватен телефонски разговор и призна дека не било воопшто пријатно.

бев дома и пред да му се јавам во себе три пати го повторурвав разговорот за тоа што ќе му го кажам и како ќе му го соопштам. не ми беше воопшто лесно затоа што многу го сакаме таков каков што е, поради начинот на кој се однесуваше кон нас и се што му даде на тимот изминатите години.

но, секогаш доаѓа време кога мора да поставите јасни цели за во иднина. се ближиме до почетокот на новата регулатива во 2022 година и екипата сакаше колку што може подобро да се подготви. имаме должност и амбиција да ги оствариме целите на среден и долг рок и поради тоа мораме да донесеме одредени одлуки и да направиме избор кој не е воопшто лесен.

себ воопшто не се противеше на одлуката, не спушти телефон, тој е многуинтелигентен човек и прекрасна личност и го задржа достоинството и карактерот сезонава иако му е многу тешко. никогаш не беше негативен, напротив, беше проактивен, помага и почитува – опиша биното.

Тимскиот шеф верува дека тандемот за од следната година составен од Шарл Леклер и Карлос Саинз ќе донесе поинаква енергија во тимот затоа што тој тандем има поинакви особини од сегашниот.

шарл има ентузијазам за фановите, но и за тимот и поради сета таа енергиј е толку силен на квалификациите. неговите претекнувња и одбрани на патеката исто така се спектакуларни. енцо ферари би го обожувал.

во врска со изборот за карлос, лично го гледам како лидер и голем работник. тој се поврзува за инженерите и секогаш бара повеќе. иако е млад има многу години формула 1 искуство зад себе и секогаш учи за подобри резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ