Биното до Розберг: Лесно е да се критикува од дома пред телевизор

Шефот на Ферари, Матиа Биното, возврати на коментарите на поранешниот светски шампион Нико Розберг дека Формула 2 и Формула 3 тимовите се подобри во влегувањата во бокс од славниот тим од Маранело.

Големата Награда на Холандија се покажа како уште една тешка трка за Ферари бидејќи се соочија со нови драми во боксовите што ги уништија нивните надежи за подобар резултат. Карлос Саинз се бореше со Луис Хамилтон во првата серија пред се да тргне наопаку при неговото прво влегување во бокс кога Ферари не ги подготви сите гуми за шпанецот.

Подоцна, за време на доцните застанувања при безбедносното возило, Саинз доби казна од пет секунди за небезбедно пуштање на патеката, кога излезе пред Фернандо Алонсо. Драмите во боксовите, кои се надоврзуваат на голем број сомнителни стратегиски одлуки, го оставија Ферари да се соочи со критики дека треба да заврши подобра работа во гаражата и боксот.

А Розберг, кој коментира како експерт за британски Скај, беше отворено критичен, сугерирајќи дека Ферари е полош во тоа како се справува со работите од тимовите во јуниорските категории.

О господе. Матиа Биното постојано вели дека не треба да го прават тоа и мора да престанат со вакви работи. Кога ќе го видиме тоа?

Тоа не е возможно, дури и тимовите од Формула 2 или Формула 3 подобро работат во нивната стратегија и влегувањата во бокс од Ферари.

Влегуваш во бокс и фали една гума при нормални услови? Во одреден момент тие навистина треба да почнат да прават некои промени.

Но, Биното не е импресиониран од тврдењата на Розберг и вели дека е премногу лесно да се биде критичен кога се седи пред телевизор дома, наместо да се разбере како работите навистина функционираат на патеката.

Прво, мислам дека е толку лесно да се зборува кога сте надвор од падокот, Лесно е да се критикува.

Но, ние нема да ги менуваме луѓето, тоа е мојот одговор до Розберг. Имаме одлични луѓе и докажано е дека она што е поважно во спортот е стабилноста и дека се подобруваме од ден на ден и ќе се тркаме по трка.

Имаме одлични луѓе во тимот и не се сомневам во тоа. Потребни се години и искуство за сите тимови да бидат на челните позиции и мислам дека нема причина да биде поинаку за нас.

Од Ферари објаснија дека проблемот при влегувањето на Саинз бил предизвикан едноставно со доцниот повик за влез на шпанецот, бидејќи не сакал да биде претекнат од Хамилтон.

Да, беше многу доцен повик да реагираме на Луис Хамилтон со питстопот на Карлос. Беше предоцен повик.

Но, знам како што треба да знае и Розберг затоа што е искусен возач, дека е многу полесно да се решат таквите проблеми отколку перформансите.

Перформансот е она што е најважно денес според мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ