Биното задоволен од Шпанија: Лани не претекнуваа за цел круг

Ферари го намали заостатокот во однос на Мекларен кај конструкторите откако Леклер и Саинз завршија на 4то однсоно 7мо место на Шпанското Гранд При, а шефот Биното верува дека перформансите се одличен пример за тоа колку напредувале во однос на минатата сезона.

Шефот на Феерари е задоволен со поените кои екипта ги освои во Каталонија откако се присети на минатогодишното издание на трката кога биле минувани за цел круг.

Шарл Леклер беше импресивен со своето 4то место, оставајќи со Чеко Перез од Ред Бул зад себе, како и тандемот на Мекларен, а на моменти се возеше и на 3то место во трката.

напредокот е очигледен. лани бевме претекнувани за цел круг во шпанија, но овој пат болидот одлично се однесуваше, особено во последниот сектор каде губевме цела секунда лани. на вакви патеки е потребно повеќе потисна сила и ние имаме предност во однос на мекларен – објасни матија.

Во врска со своите возачи, Биното ги поздрави перформансите на Леклер и неговиот одличен старт.

леклер имаше одличен старт и секогаш е одличен во такви борби. саинз беше казнет со стартот и штета зато што имаше одлична трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ