Биното смета дека конкурентноста во Ф1 е невидена

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, откри дека никогаш не видел толку жестоко ниво на конкурентност како што тоа е случајот со Формула 1. Италијанците влегоа во минатата година со големи надежи за титула, но Мерцедес повторно доминираа и го земаа двојниот наслов.

Возачите на Мерцедес победија на дури 15 трки споредено со 3те победи на Ферари, што им донесе 739 конструкторски поени споредени со 504 на Скудерија. Ред Бул исто така имаа три триумфи, а возачите на Ферари дури не беа ни во топ 3 кај возачите, таму заедно со “сребрените“ беше Макс Верстапен.

Биното смета дека 2019 година покажала колку е густ поредокот во врвната моторспорт тркачка серија во моментов и како и најмала предност прави разлика.

по мене конкурентноста во формула 1 никогаш не била силна како во моментов. како екипа, ние имаме се што ни треба да сме на врвно ниво. формула 1 комплексна машинерија, не се работи само за моторот од 1.000 коњски сили, но неговото производство и да се биде побрз од ривалите во се.

во овој спорт нема гаранции, мораме да работиме дури и посилно и да ги користиме нашите предности и нашите фанови за да стигнеме до титула во 2020 година – смета швајцарскиот инженер.

Еден од проблемите со кои Биното се соочи лани откако го превзема раководењето на тимот од Маурицио Аривабене беше да се менаџира растечкиот ривалитет помеѓу неговите двајца ултра конкурентни возачи. Четирикратниот првак не сакаше да губи од 22-годишниит Леклер кој дојде во тимот на местото на Кими Раиконен. Во Бразил беше кулминација на нетпреливоста кога се допреа и се елиинираа еден со друг.

На крајот на сезоната, возачот од Монако излезе пред Фетел во однос на собраните поени, но Биното беше цел на критика поради тешко контролирачкиот ривалитет помеѓу двајцата возачи.

секој шеф на тим менаџира на сопствен начин, тоа е очигледно. од мојата обука како инженер, убеден сум дека ригорозниот пристап е најдобро решение.

Претсојната тркачка сезона, Матиа мора дасе осигура неговите возачи да немаат повеќе проблеми еен со друг.

индивидуалните односи помеѓу луѓето се многу важни. навистина треба да се грижите за истите затоа што човечкиот аспект на организациајта е клучен за успех на истата.

ако ги погледнете моите двајца возачи во моментов и нивното однесување, добро соработуваат еден со друг. нашиот тандем е добар. секако дека има разлики кога доаѓа до израз возачкиот стил или искуството, но тоа е само наша предност.

мора да ги прифатите какви што се затоа што е јасно дека двајцата се врвни возачи и сакаат да дадат се од себе за да победат. се работи за чистина и транспарентност, тие разбираат која е крајната цел и каква е ситуацијата. никогаш немате целосен увид кога сте во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ