Биното со поддршка до своите: Сите ги поддржувам и на сите им верувам

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, ги поддржа сите членови на тимот по грешките од првиот дел од сезоната и изјави дека сите ги поддржува и на сите им верува.

Скудерија склопија многу силен болид за новите технички правила сезонава, но имаат голема зоастаток во поредокот во однос на Ред Бул поради проблеми со издржливоста и стратегијата. На послдната трка, стратезите го уништија Шарл Леклер префрлајќи го на хард гуми во моментот кога беше комотно на прво место.

Швајцарскиот инженер Биното е на чело на тимот од 2019 година кога го замени Маурицио Аривабене кој по сушната 2020 година кога завршија на 6то место, повторно го напраи Ферари кандидат за победи.

јас го гледам цолокупниот баланс на тимот во текот на сезоната, одбравме вистинска стратегија во франција кога леклер направи грешка, бевме одлични во австрија, така што на многу трки го направивме вистинскиот избор.

понекогаш правевме грешки, понекогаш и конкурентите грешеа, веројатно не толку колку нас. добрите работи не се само до стратегот руеда, туку до целиот тим. јас давам целосна поддршка до сите и целосно им веурвам – посочи биното.

Она за што Матиа е загрижен е недостатокот на брзина на трка во Хунгароринг и тоа во тркачки викенд во кој се сметаше дека ќе доминираат.

веруваме дека во унгарија болидот не работеше како што очекувавме, немавме брзина на која се надевавме и ја имавме во петок и за време на симулациите на трка кои ги правевме. ритамот не беше доволен за победа и без оглед на тоа кои гуми ги користевме, не сметам дека бевме добри.

нашата анализа покажа дека леклер требаше да има тешк серија на хард, но се испостави дека беше невозмжно да вози. знам дека гумите не работеа добро и кај другите, но анализата беше базиарана на податоците кои ги имавме и како што претходно реков, стратегијата не беше проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ