Блум: Порше не настојува за Ф1

Главниот извршен директор на Порше, Оливер Блум, откри дека не настојуваат за влез во спортот и останува да ги разгледаат опциите за присуство во тркачката серија.

Германците преговараа со Ред Бул Рејсинг, но тие преговори прекинаа поради тоа што ќе се разводнеше сопственота на тимот, така што во моментов се разгледуваат други опции за влез на компанијата во спортот од 2026 година како доставувач на мотори.

разговорите со ред бул минаа добро, всушност, постигнавме договор и се ракувавме, но во последен момент се се искомплицира. сакавме да бидеме еднаков партнер во тимот, но тие не сакаа да ни дозволат – откри блум за Speed Week.

Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко објаснија дека тие настојувале да имаат целосна независност во носење на одлуките, а Блум потоа потенцираше дека тој нема проблем со тоа.

секој сам одлучува дали ќе ги продаде своите акции или не. тоа е во ред со нас, ние фер се однесувавме.

ќе видиме за во иднина, ќе видиме дали ќе има некоја атрактивна опција затоа што ионака имаме обемна моторспорт програма во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ