Боб Фернли на чело на ФИА комисија за едноседи

Поранешниот заменик тимски шеф на Форс Индија, Боб Фернли, е именуван за главен на комисијата на ФИА за едноседи.

Фернли ќе ги превземе должностите кои претходно ги извршуваше Стефано Доменикали. Фернли помина 10 години со Форс Индија, период кој започна по откупувањето на Спајкер од страна на доктор Виџеј Малија. Но, тој замина од својата улога во 2018 година откако тимот влезе во период на административна забрана, а потоа беше превземен од Лоренс Строл.

Потоа Фернли работеше на подготовките на Мекларен за Индијанаполис 500 во 2019 годиан, но замина од тимот откако Фернандо Алонсо не успеа да се квалификува за учество во трката.

Комисијата на ФИА за едноседи е критична во блиското минато преку оформување на јуниорските серии. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ