Бен Сулајем не сака манипулации додека се ближи рокот за нова екипа

Бен Сулајем верува дека конечната одлука за новите тимови ќе се донесе во наредните месеци.

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, потврди дека управното тело на Ф1 ќе донесе конечна одлука за потенцијалните нови тимови во следните четири до шест недели.

Се претпоставува дека пет тима поднеле понуда до ФИА за влез во Ф1 од сезоната во 2025 година, при што процесот опфаќа потенцијални две нови екипи да им се придружат на 10те актуелни учесници.

Андрети Кадилак Рејсинг беше на чело на тековниот процес, бидејќи се соочи со силно противење на нивните напори од оние кои веќе се на гридот.

Процесот на ФИА на разгледување на понудите е во тек, иако Ф1 исто така ќе биде вклучена во одлучувањето.

Се надевам дека ќе можеме да го објавиме следниот месец – изјави Бен Сулајем.

Зборуваме за сериозни луѓе и не сакаме никого да исклучиме без темелно разгледување на апликациите што ги добивме.

Зборуваме за големи имиња и големи пари. Мислам дека идејата со писмото за намера беше правилна одлука и договорот вели дека може да има 12 екипи на Ф1 теренот.

Се разбира, ние не сакаме било каков тим, сакаме тимови А-класа и ни треба производител на автомобили: претпочитам производители затоа што тоа би било добро за спортот.

Одвоивме време, тимот на ФИА работеше многу напорно на писмото за намери, имавме состаноци со тимовите за да ги разгледаме нивните понуди и мислам дека ќе имаме конечна одлука за четири до шест недели.

Опозицијата со која се соочуваат новите тимови се сведе на прашање за додадена вредност за Ф1 и сегашниот грид, при што тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, ги предводи повиците за потенцијалните нови тимови да купат постоечка екипа.

Тоа очигледно е политичко и финансиско прашање – додаде Бен Сулајем.

Но, јасно ми е дека ФИА мора да ги почитува договорите и ние сме регулирани од ЕУ. Не можеме да манипулираме со ништо.

Ако некој тим е заинтересиран и нашите правила велат дека можеме да имаме толку многу тимови, како можеме да кажеме не?

Ја разбирам загриженоста на другите тимови, особено за финансискиот дел, неговата распределба, но не сум тука да вознемирувам некого, тука сум да ја завршам вистинската работа за спортот.

Среќни сме што седнуваме со сите и даваме совети, но не можеме да му кажеме на голем тим што сака да влезе во Ф1 да купи екипа или не може да учествува. Мислам дека тоа е погрешно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ