Волф негира дека има поделба меѓу ФИА и Формула 1

Ф1 и ФИА не успеаја да споделат исто размислување и позиција во јавноста во последно време.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, ја отфрли секоја идеја дека поделбата помеѓу ФИА и сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа, може да ја наруши вредноста на спортот.

Формула 1 и нејзиното раководно тело доживеаја голем број неуспеси откако Мохамед Бен Сулајем ја презеде функцијата претседател на ФИА на крајот на 2021 година, особено кога тој даде коментари на социјалните мрежи во врска со наводната понуда за спортот од 20 милијарди долари од приватниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

Тоа доведе до испраќање писмо од Формула 1 до Бен Сулајем, во кое се наведува неприфатливиот начин на кој тој ја коментирал вредноста на спортот и навестува дека е можна правна постапка.

Но, нова поделба се заканува да стане очигледна откако двете страни заземаа спротивставени ставови околу следниот Конкорд договор.

Извршниот директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, најпрво на состанокот на инвеститори пред Големата Награда на Мајами, сугерираше дека постои желба да се искористи раздвижената позитивност на Ф1 и зголемената популарноста за да се искористи моментумот и да се делува со потпишување на следниот Конкорд договор порано од планираното.

Но, со сегашниот Договор на сила до крајот на 2025 година, Бен Сулајем пред Британското ГП инсистираше дека нема брзање да се осигура дека договорот е склучен.

Запрашан дали постои опасност таквата поделба меѓу ФИА и Ф1 да го доведе во ризик неверојатниот неодамнешен раст, Волф изјави:

Она што се зборува во јавноста може да создаде перцепција дека имаме поделени ставови.

Но, всушност не е така, бидејќи ФИА и ФОМ сакаат Конкорд договор, како и тимовите.

Веројатно има малку преговарачка позиција таму, но чувството што го добивам е дека сите притискаат во иста насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ