Ботас бара жолто знаме како предупредување за предмети на патеката

Валтери Ботас сака да знае зошто немало жолто знаме што би го предупредило дека има остатоци од болиди на патеката на Имола. 

Финецот водеше во Имола од пол позиција но неговите шанси беа уништени во вториот круг откако собра дел од предното крило на Себастијан Фетел. Тој дел се откачи по контактот на Ферари со Кевин Магнусен во првиот круг и маршалите покрај патеката не се обидоа да го отстранат. Ботас прв помина и  делот се заглави под неговиот болид, но успеа да го избегне со гумите. 

Инцидентот го чинеше Ботас 0,8 секунди по круг и голема загуба во потисната сила. 

Добив предупредување од инжинерите дека има нешто заглавено во болидот. Тоа беше голем дел и немаше време за реакција. Имав само време да одлучам дали ќе поминам врз него со гумите или со средниот дел. Не разбирам зошто немаше знак или предупредување дека има големо парче карбон. Тоа не ми помогна во трката – лут е валтери.

Иако Ботас успеа да се задржи на врвот сепак тоа предизвика штета во управувањето на болидот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ