Ботас е незадоволен од изборот на крилата

Валтери Ботас смета дека изборот на крила со мал отпор му ја уништиле шансата за продолжување на својата серија појавување во последниот квалификациски сегмент. 

Тој остана разочаран откако не успеа да влезе во К3 и ја прекина рекорната серија од 103 последователни влегувања во крајниот квалификациски дел. Финецот минатата година возеше за Мерцедес кој беше доминантен во турбо ерата, а годинава почна да вози за Алфа Ромео со кои успеа да влезе во К3 на првите две трки стартуваше од топ 10. Но сега мораше да се задоволи со 12та позиција. 

Имав два добри круга во К2. Првиот и вториот беа добри, но не беа доволни. Беше изненадувачки бидејќи беше тешко да се влезе во К3 и мислам дека беше погрешна одлуката за помало крило поради промената на ДРС зоната. Можеби е подобро на трка, но ја плативме цената на квалификациите. Мислам дека според круговите во Т3 ќе бдиеме добри – посочи финецот.

Сепак, Ботас смета дека кратењето на ДРС зоната нема голем удел врз перформансите на Алфа. 

За мене не е проблем. Немав проблеми со потскокнувањето. Не ни направи проблем. Ќе видиме како ќе биде утре. 

Со ова се прекина серијата на Ботас за топ 10 на квалификациите и останува на трета позиција зад Алан Прост со 109 последователни појавувања и Аиротн Сена на врвот со 137 последователни топ 10 квалификации. 

Целта е да бидам секогаш во К3. Сега имам рекорд и ќе го славам вечер. Се надевав дека до Монтреал ќе го стигнам Прост. 

Ботас призна дека излегувањето од топ 10 покажува колку е близу средниот ред и дека една грешка може премногу да чини. 

Средниот ред е преблизу и мислам дека погрешно подесување ќе не чини многу, Но не чека добра борба утре. Сигурно ќе имаме шанси. Се надевам на чиста трка и поени.

Ботас има нов менувач бидејќи тимот мислеше дека имаат проблем. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ