Алфа Ромео со посебна шара за Белгија

Уште една посебна шара ќе се појави на Ф1 гридот.

Екипата на Алфа Ромео откри специјална шара пред трката за Големата Награда на Белгија.

Тимот со седиште во Хинвил ќе го прослави своето партнерство со платформата за стриминг KICK, а Валтери Ботас и Жу Гуанју ќе го возат новиот дизајн на Ц43.

Неговиот познат црвено-црн изглед е дополнет со неонски зелени акценти и дополнително брендирање, вклучувајќи ги имињата на најистакнатите KICK личности на Хало уредот.

KICK шарата на Алфа Ромео ќе биде достапна за сите играчи на видеоиграта EA Sports F123, кои ќе имаат можност да го преземат болидот во играта во текот на Август.

KICK го нарушува својот пазарен сектор уште од своето основање, а шарата што ни ја создадоа за Спа се вклопува во оваа филозофија: таа е различна, впечатлива, тоа е нешто дизајнирано да биде различно и да привлече внимание – рече претставникот на тимот, Алесандро Алуни Брави.

Фокусот на нивните креатори, што е многу јасно илустриран на самата боја на болидот, не е различно од тоа како работиме како тим: нашата сила и силата на платформата се исто толку големи како оние кои придонесуваат за тоа, во нашиот случај, членовите на нашиот тим покрај патеката и дома.

KICK го редефинира стримингот во својот свет и ја носи својата иновација и во нашиот тим за Esports, со амбициозна програма за овогодинешниот шампионат во F1 Esports Pro. Ние сме среќни да ја прославиме нивната работа со подеднакво нарушувачки дух за овој викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ